Ана Петровска: Горењето на азбестот не е најризично за животната средина

Ана Петровска/ Фото: МИА

По пожарот во поранешната фабрика „Треска“, во која сѐ уште е непознато што точно таму горело и што го предизвика огромниот црн чад, граѓаните се вознемирени и стравуваат за своето здравје, но и за животната средина, особено по објавата дека изгорел и дел од азбестниот покрив на старата фабрика.

Ана Петровска, архитект и поранешен директор на Државниот инспекторат за животна средина објаснува дека азбестот се користел за заштита од пожари како материјал што практично не гори и дека не е докажано дека при високи температури азбестните влакна се ослободуваат во околината, односно во воздухот и во почвата.

 Значи горењето на азбестот не е најризично за животната средина. Кога горат други градежни материјали и евентуално хемикалии (бои и лакови, теписи и теписони, други материјали што може при горење да емитираат штетни и опасни материи), на пример, при речиси секој пожар се емитира прашина (ПМ), јаглероден моноксид, но исто така и бензен, полициклични јагленоводороди, метали и други соединенија. Затоа требало, откако пожарот настанал, да се предупредат граѓаните да затворат прозорци и да се засолнат во затворен простор додека истиот да се изгасне. Не знаеме што и колку долго горело и дали како резултат на согорувањето е контаминирана локацијата – вели Петровска.

Таа додава дека тоа треба да се утврди со претходно добро подготвени хемиски анализи, врз основа на утврдени факти за присуство на материјали и хемикалии чиешто горење можело да ја загади локацијата.

 Доколку се анализира присуство на азбест во почвата, неопходно е да се ангажира акредитирана лабораторија, единствена што може да анализира азбест и азбестни производи е лабораторијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – објаснува Петровска.

Доктор Ефкоски: Азбестот од „Треска“ најверојатно нема да предизвика рак на белите дробови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот