Американскиот министер за одбрана по разговорот со рускиот колега за инцидентот над Црното Море: Важно е големите сили да бидат модели на транспарентност

Лојд Остин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин / Фото: Архива

Министрите за одбрана на Русија и САД, Сергеј Шојгу и Лојд Остин денеска телефонски разговарале, ден откако руски авиони пресретнаа американско беспилотно летало над Црното Море, соопштија од Москва и од Вашингтон.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска, 15 март, рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу и американскиот министер за одбрана Лојд Остин разговарале телефонски на иницијатива на американската страна, без да наведат дополнителни детали.

Американскиот државен секретар Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон изјави дека денеска разговарал со својот руски колега за уништувањето на американско беспилотно летало над Црното Море.

Тоа беше прв телефонски разговор меѓу двајцата министри од октомври.

„Само што разговарав со мојот руски колега, министерот Шојгу. Како што реков многу пати, важно е големите сили да бидат модели на транспарентност и комуникација, а САД ќе продолжат да летаат и да спроведуваат операции каде и да дозволува меѓународното право“, изјави Остин.

Русите и Американците различно го толкуваат вчерашниот инцидент со дронот. Руската војска соопшти дека два воени авиона вчера пресретнале американско беспилотно летало над Црното Море, но дека ниту го погодиле, ниту го собориле, спротивно на она што го кажа Вашингтон. Американската војска соопшти дека руски борбен авион Су-27 соборил американско беспилотно летало „Рипер“ над Црното Море, област која НАТО внимателно ја следи од почетокот на војната во Украина.

Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американскиот воен дрон што падна во Црното Море, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно изјави дека САД преземаат мерки за да се осигура дека дронот што беше соборен над Црното Море не падне во „погрешни раце“.

Од Белата куќа велат дека можеби никогаш нема да го извлечат урнатиот дрон од Црното Море

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот