Американскиот Сенат гласа за помошта за Украина

Фото: МИА

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот