Американски експерти: Кина би можела да ги надмине САД во извозот на оружје

ФОТО : Кинеска народна армија | EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Кина би можела да ги надмине САД како водечки светски извозник на оружје, изјави за РИА Новости Весли Холман, поранешен експерт за стратешко планирање и политика во Генералштабот на САД.

„Мислам дека нашите системи се сè уште квалитативно подобри, иако Кина го затвори јазот во овој поглед“, рече Халман.

Според него, активниот развој на кинескиот извоз на оружје е причина за загриженост. Тој го истакна и незадоволството на многу земји од сложениот бирократски процес на преговори за продажба на оружје од страна на САД.

„Ако ја погледнете Кина, ќе видите дека тие не мора да поминуваат низ ваков проблем. Тие не доставуваат оружје во толку многу земји и веројатно се послободни во однос на достапноста на производите“, рече американскиот експерт.

Тој додаде дека САД имаат строги ограничувања за трансфери на оружје трети земји, строги ограничувања за тоа каде и како може да се користи ова оружје“, сепак експертот, нагласи дека ризикот од употреба на американско оружје спротивно на условите за продажба „секогаш останува“.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), САД во периодот 2017-2021 г. сочинуваше 39% од светскиот извоз на оружје. Русија е на второ место со пазарен удел од 19% според СИПРИ, додека Кина е на четврто место со удел од 4,6%.

Во контекст на оваа вест може да се надоврзе и изјавата на американскиот дипломат Џејмс Холмс кој неодамна рече дека САД и Кина влегле во „опасната зона“, реагирајќи на тој начин на неодамнешниот говор на конгресменот Мајк Галагер по повод објавувањето на годишниот индекс на американската воена моќ.

Авторите на извештајот за прв пат оваа година признаа дека американската војска е послаба отколку што е потребно за извршување на борбени мисии во Западниот Пацифик. Галагер рече дека овој регион станал поопасен за Соединетите американски држави поради повеќе причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот