Американски државјанин уапсен во Москва поради шпионажа

Судот во Москва го уапсил Џин Спектор, американски државјанин со руско потекло, кој бил обвинет за шпионажа, објавија вчера руските агенции.

Агенциите не ги објавија деталите за обвиненијата, но според агенцијата РИА, Спектор во 2022 година бил осуден на 3,5 години затвор поради неговата улога во поткупување на помошникот на поранешниот потпретседател на руската влада, Аркадиј Дворкович.

Судската седница се одржала зад затворени врати бидејќи материјалите од предметот биле доверливи, пренесе Интерфакс. Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата сè уште собира информации за случајот и нема дополнителни коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот