Американка цела година ги силувала 15-годишните близнаци од соседната куќа

САД полиција/ Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Американката Ешли Вотс (37) од Вирџинија е обвинета за сексуално злоставување на 15-годишни близнаци, откако полицијата ја фатила гола со едниот од нив. Во јули таа била уапсена откако полицајците дошле во нејзиниот дом во Чесапик, барајќи ги тинејџерите, а таа ги замолила да ја почекаат надвор додека се облекувала.

Но, откако таа излегла надвор, полицијата влегла во куќата и под душек во една од собите го нашле еден од тинејџерите кој се криел во долна облека. Близнаците живееле преку улицата и биле пријатели со синот на Ешли и биле врсници, пишува „Њујорк Пост“.

Ешли наводно почнала да ги силува тинејџерите една година пред да биде уапсена. Полицијата почнала да го истражува случајот во февруари, кога анонимен извор пријавил дека таа имала секс со момчињата.

Истиот месец, сопругот на Ешли дошол дома во 2 часот по полноќ и ја нашол својата сопруга топлес на нивниот кревет покрај еден од тинејџерите, кој „се преправал дека спие“. Кога родителите го прашале зошто бил во куќата на Вотс, тој рекол дека отишол таму да пуши марихуана, а потоа заспал на каучот. Двете семејства биле многу блиски и често ненајавено се посетувале.

Кога близнаците оделе во куќата на Вотс, родителите биле сигурни дека се дружат со децата на Ешли, но реалноста била поинаква. Кога после 13 месеци родителите на близнаците дознале за нивната врска со Ешли, и двајцата решиле да ја напуштат куќата. По неколку дена полицијата ги пронашла во нејзината куќа, уапсена е поради сексуална злоупотреба на малолетници.

Доколку биде прогласена за виновна, на Ешли ѝ се заканува затворска казна до 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот