Американци направија коронабункер, подготвени се дури и ако пандемијата трае со години (ВИДЕО)

Голем број Американците се убедени дека ги чека нуклеарна војна со страшни последици, па поради тоа масовно градат бункери и атомски скривници кои би требало да ги заштитат од евентуален напад.

Се проценува дека во САД досега се направени околу 200.000 букнери, а некои од нив изгледаат навистина импресивно.

Критичината состојбата со коронавурсот периодов натера некои Американци да преземат екстремни мерки за да ја избегнат глобалната пандемија со тоа што се преселија во бункерите кои ги изградиле или купиле.

Иако повеќето од нас се надеваат дека самоизолацијата поради пандемијата ќе заврши за неколку недели и дека животот за брзо ќе се врати во нормала, едно семејство во САД се подготвило доволно за да може да помине дури и неколку години под земја.

Семејството Гембалас пред три години купило поранешен воен бункер, изработен од бетон и челик во Јужна Дакота. Дури 575 вакви бункери во далечната 1967 година се користеле за складирање на бомби и муниција, пишува Раша Тудеј.

Засолништето има свое напојување (соларна енергија, ветер, дизел генератори) и проточна вода, но исто така и доволно сушена и конзервирана храна дури за две години.

Секој сопственик добива својот бункер за 35 илјади американски долари, а потоа може да го прилагоди.

Се проценува дека би можеле да потрошите помеѓу 30 до 150 илјади американски долари. Некои од бункерите имаат раскошни бањи, дневни соби и удобни спални соби. Судејќи според фотографиите би помислиле дека станува збор за хотели со четири ѕвездички, а не бункери, затоа што некои содржат дури и сали за вежбање, базени, кина и барови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот