Америка ја водат 80-годишници: Едниот гледа во празно, другиот постојано паѓа

Фото: Твитер / принтскрин

Соединетите Американски Држави ги водат лидери кои имаат повеќе и од 80 години.  Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел има 81 година, а претседателот Џо Бајден со 80 години е најстариот американски претседател во историјата на земјата. Затоа почесто се поставува прашањето дали со САД управуваат „старци“.

Во средата, Меконел паузираше на средината на реченицата и дваесет секунди молчеше, па го снема за подоцна да се врати и да каже дека е „добро“. Тоа беше последниот во серијата настани во кои водечките американски политичари покажуваат знаци на старост, , анализира Index.hr.

Како што пишува хрватски Индекс, според Pew Research, на 80-годишна возраст, претседателот Џо Бајден е најстариот американски претседател во историјата на земјата и е речиси две децении постар од просечната возраст на другите светски лидери.

Неговата напредна возраст предизвика дебата за тоа дали треба да се кандидира за втор мандат во Белата куќа. Бајден се сопна преку вреќа со песок на сцената во јуни, две години претходно падна качувајќи се во авион, а се почесто полека се движи, често се лизга и паѓа.

Според Index.hr ако Американците сакаат некој помлад на претстојните избори кои треба да се случат следната година, нема да бидат задоволни со Доналд Трамп, актуелниот миленик на Републиканците, кој има 77 години. Последната Анкета на Ројтерс покажа дека мнозинството Американци сметаат дека ниту еден од нив не треба да се кандидира поради нивната возраст.

Сепак, актуелниот претседател на САД не е ниту во првите десет најстари светски лидери, предводи Претседателот на Камерун, Пол Бија (89). На листата е и палестинскиот Претседател Махмуд Абас (87).

Од друга страна, Бајден е помлад од некои членови на Конгресот. Републиканскиот сенатор Чак Грасли има 89 години, демократската сенаторка Дијана Фајнштајн исто така има 89, а сенаторот Берни Сандерс има 81 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот