Амбасадорот Куќи на првиот час по македонски јазик во Норвешка со порака: Децата да го изучуваат мајчиниот јазик

Фото: МИА

Амбасадор на Република Северна Македонија во Кралство Норвешка Дритон Куќи присуствуваше на првиот час по македонски јазик во Норвешка и ги повика родителите од дијаспората да ги запишат децата да го изучуваат мајчиниот јазик.

„Првиот час по македонски јазик! Денес, ги посетив децата од училиштето по македонски јазик, кои заедно со професорките Ана и Андриана, ќе го изучуваат мајчиниот јазик. Училиштето на македонски јазик и основањето на македонското православно здружение, се битни елементи и моменти во организирањето и консолидирањето на македонската дијаспора во Кралството Норвешка, како едни од моите приоритетни залагања во овој мандат“, објави амбасадорот Куќи на својот Фејсбук профил.

Куќи, исто така, во име на нашата амбасада и иницијативниот одбор, изрази благодарност на Македонската Православна Црква и Дирекцијата за иселеништво за нивната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот