Амазон, Мајкрософт и Ватсап „бегаат“ од Велика Британија, не сакаат да бидат контролирани?

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Големите технолошки гиганти како Мајкрософт, ВатсАп или Амазон се заканија дека ќе ја напуштат Велика Британија откако беа објавени регулативите во таа земја, кои се „пресвртна точка“ за заминување на овие компании. Британските регулативи, кои беа дизајнирани многу брзо, а наскоро треба да стапат во сила, се нешто поради што се вознемирени големите технолошки компании.

Велика Британија сака да го усвои Законот за безбедност на Интернет, кој би ги пропишувал правилата за работа и високите казни за компаниите во случај на прекршување и Законот за дигитален пазар. Со оглед на тоа дека моќта би била во регулаторот кој ја надгледува конкуренцијата во ОК, технолошките компании веруваат дека ова е преголема слобода за едно тело и дека на тој начин нивниот бизнис е загрозен, пишува Кликс.ба.

Законот за безбедност на Интернет, чие донесување беше најавено наесен, пропишува строги правила за следење на содржините на социјалните мрежи со цел да се заштитат децата. Прекршувањата се предмет на високи финансиски казни, како и затворски казни за поединечни технички менаџери, доколку компаниите не ги почитуваат правилата.

Предлог-законот за дигитални пазари оди и во парламентот. Се предлага британскиот регулатор за конкуренција да ги издвои големите компании како Амазон и Мајкрософт, да им даде правила што треба да ги следат и казни ако не го прават тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот