фото: kff.kz

Али Алиев си поднесе оставка по дебаклот на Казахстан против Белгија

Фудбалската репрезентација на Казахстан ги загуби шансите преку квалификациите да обезбеди пласман на Светското првенство 2026.

Во неделата во рамките од квалификациската група Ј на гостувањето во Андерлехт доста високо и со неочекуван резултат од дури 6:0 фудбалерите на Казахстан загубија против Белгија.

По завршувањето на натпреварот, селекторот на Казахстан Али Алиев на прес-конференција изјави дека ќе поднесе оставка:

– Сè што се случи…Поразот е моја вина. Ја преземам целосната одговорност. Ќе пишам, ќе поднесам оставка и ќе го известам претседателот на федерацијата – рече Алиев.

Казахстан има уште три мечеви до крајот на мундијалските квалификации, на 10 октомври е домаќин на Лихтенштајн, три дена подоцна ќе игра против Македонија во Скопје, а на 16 ноември во Астана ќе ја пречека Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот