Алергијата на одредена храна може да биде поопасна за срцето од пушењето

Кикирики
Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Вообичаените алергии на храна, како што се негативните реакции на кикирики или одредени млечни производи, може да ја зголемат смртноста од кардиоваскуларни проблеми дури и повеќе од пушењето цигари. Ова е заклучокот во новата студија од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија, објави „Саенс дејли“.

Ризикот од алергии на храна по здравјето на срцето на пациентот е ист или поголем од ризиците од дијабетес, висок крвен притисок или ревматоиден артритис, се вели во студијата, која опфати неколку илјади испитаници.

Утврдено е дека луѓето чие тело создава антитела како реакција на храната, но кои продолжуваат да ја консумираат оваа храна, се изложени на најголем ризик од кардиоваскуларни компликации.

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

„Околу 15 проценти од луѓето, како реакција на овие видови храна, создаваат антитела во телото кои предизвикуваат алергиски реакции“, вели Џефри Вилсон, кој е дел од истражувачкиот тим.

Тој додава дека се потребни повеќе тестови, со оглед на тоа што некои пациенти немале никакви алергиски реакции и покрај тоа што во нивниот организам се формирале антитела на одреден вид на храна.

Ова истражување за првпат јасно ги поврзува антителата кои се производ на реакција на храна со сериозни проблеми со срцето и е во согласност со резултатите од претходните студии, кои укажуваат на сериозна поврзаност помеѓу алергиското воспаление и кардиоваскуларните проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот