Алексиќ: Нема законска основа СЈО да ги предаде предметите на ОЈО

Нема законски основ Специјалното јавно обвинителство да ги предаде предметите на ОЈО од причина што само СЈО беше единствено надлежно да гони дела кои произлегуваат од “бомбите” изјави адвокатка Сања Алексиќ, бранител на неколкумина обвинети во предмети на СЈО, меѓу нив и обвинети во „Транспортер”.

– Ова не е само мое мислење, туку и на низа мои колеги. Според Законот за СЈО, тие имаа можност за преземање на предмети од ОЈО и такви предмети беа преземени пред четири години. Која е правната логика после четири години тие предмети пак да му се вратат на ОЈО? Законот за СЈО не и дава можност на Јанева да ги делегира овие предмети на било кое друго обвинителство – рече Алексиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот