Александар Кукриќ: Сите заедно да се обидеме да направиме идни сениорски репрезентативци на Македонија

фото: kfsm.mk

Александар Кукриќ повторно е дел од националните селекции на Македонија. Во периодот кога на чело на нашиот национален тим беше Драган Бајиќ, популарниот „Профа“ се грижеше, и тоа мошне успешно, за кондициската подготовка на нашите сениорски репрезентативци.

А од денеска, практично е во една слична улога, но исто така, многу обврзувачка. Заедно со своите асистенти, да даде „своја“ поддршка на развој на најталентираните млади кошаркари во националните селекции на Македонија.

– Сакам прво да кажам дека ми е чест и задоволството што на повик на моите големи пријатели од Македонската кошаркарска федерација, предводена од претседателот Перо Антиќ, да бидам носител на еден ваков проект, преку кој, искрено се надевам, сите заедно ќе се обидеме да направиме некои нови, идни сениорски репрезентативци на Македонија.

Пред нас е еден долг, напорен пат, а на оние кои се вклучени во овој проект им останува да бидат максимално подготвени. Од сите оние кошаркарски аспекти, во обидите од нив да направиме подобри кошаркари, и пред сè подобри личности, со свое влијание, и кои ќе има што да му дадат на овој популарен спорт – се зборовите на Кукриќ.

фото: kfsm.mk

Професорот Кукриќ ги објаснува и целите на проектот:

– Основната цел на проектот е да се овозможи на талентираните млади кошаркари кои се дел од националните селекции да ги подобрат своите физички способности. Во поширока смисла, целта на проектот е обука на кошаркарски тренери за да ги совладаат основите на кондициската подготовка и да ја подигнат квалитетот на нивната работа во нивните клубови – вели Кукриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот