Албин Курти му отиде на гости на Еди Рама (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Мапо

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти се сретна вечерва со премиерот на Албанија, Еди Рама. Албанскиот медиум Мапо јавува дека средбата се реализирала во седиштето на владата во Тирана.

Фото: Топ Чанел

Извори на Топ Чанел велат дека средбата е неформална и нема да има соопштение за медиумите.
Но, според истиот медиум се дознава дека една од темите на разговорите меѓу премиерот Рама и Албин Курти е создавањето на посебно министерство со цел подобрување на односите меѓу двете држави.

Рама средбата со Курти ја најави синоќа за време на интервју. Ова е прва средба Рама-Курти, откако Самоопределување ги доби изборите во Косово и Курти се очекува да ја преземе функцијата премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот