Албанскиот парламент одлучи: Анкетна комисија ќе проверува дали Мета незаконски ги одложил изборите

Фото: Профимедиа

Албанскиот Парламент, со 101 глас „за“, ја изгласа анкетната комисија, која ќе испитува дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот, со уредбата за одложување на изборите.

Против формирање на комисијата гласаа шест пратеници, тројца беа воздржани, а еден одби да гласа.

Претседател на комисијата е социјалистот Улси Мања, и доколку се има предвид дека петмина од деветте членови се негови сопартијци, како и гласовите во Парламентот, повеќе од јасно е дека предлогот за разрешување на Мета до Парлементот е веќе донесен, иако анкетната комисија својата работа треба да ја заврши во рок од три месец.

Пратеникот Мања, кој е претседател на парламентарната Законодавна комисија, предлагајќи формирање анкетна комисија, рече дека Мета го прекршил Уставот со уредбата за одлагање на локаланите избори, обвинувајќи го дека одбил да дојде во комисијата да даде образложение.

На почетокот од дебатата учествуваше и премиерот Еди Рама, кој, во подолго обраќање со остар тон и преполно со иронија и обвинувања упатени до шефот на државата, рече дека „Мета е непријател на Уставот, Парламентот, народот, Албанија и затоа треба да се разреши“.

Освен пратеници кои доминираа со обвинувања за Мета, имаше и такви кои беа во негова одбрана. Елда Хоти од независната пратеничка група, во која се новите пратеници од Социјалистичкото движење за интеграција, рече дека „Мета е последниот бранител на демократијата“ и ја предупреди Социјалистичката партија дека доколку го разрешат тогаш „се уште не виделе ништо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот