Албанската опозиција предводена од Сали Бериша на протест пред Врховниот суд

Сали Бериша / Фото EPA/ARMANDO BABANI

Албанската опозиција предводена од Сали Бериша одржа протест пред Врховниот суд, кој денеска одлучува за тоа кому му припаѓа партискиот печат.

Поддржувачите на Бериша, кои денеска беа во помал број од претходните протести, од пред судот на кусо се задржаа пред седиштето на владејачките социјалисти, по што се упатија кон седиштето на Демократската партија, од каде тој порача дека „денеска започнува ново поглавје и дека протестите сега ќе се прошират на секоја педа на земјата“.

-Од денеска во нашата неповратна битка против диктатурата отворивме нова страница. Денеска го започнавме протестот против институциите претворени во оружје на диктатурата. Протестите почнуваат на секоја педа, денеска почнува новото поглавје. Овој протест, прв по 32 години плурализам пред Врховниот суд, кој со своите позиции го означи високото национално предавство на правото, го означува само почетокот на нашата борба. Денеска со протестот пред седиштето на криминалот започнува битката против оваа партија која со своите позиции на чело со Рама е одговорна за големата драма на Албанците, изјави Бериша.

Моментно партискиот печат го користи Љуљзим Баша, кому и му беше дозволено учество на локалните избори во мај годинава, под логото на Демократската партија. Тој и во судскиот регистар стои како претседател на партијата.

Во исто време во Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, се одржува, вчера одложената сесија, околу барањето на Специјалното обвинителство за изрекување поостри безбедносни мерки за Бериша. СПАК бара домашен пртвор, 24-часовен полициски надзор и забрана за комуникација со други лица, освен со оние со кои живее во станот.

Се чини дека Бериша нема да ја признае мерката за безбедност што денеска се очекува Судот да ја донесе.

На прашањето на новинарите за време на протестот како се чувствува за неговиот „последен протест“ бидејќи се очекува да биде запознаен со мерката „куќен притвор“, Бериша одговори: „Кој го кажува тоа“, додавајќи дека му се суди без никаков доказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот