Албанец осуден во Линдон на 9 години затвор: Помагал во шверц на мигранти преку Ламанш

На албански државјанин му е изречена казна затвор во траење од девет години во Велика Британија. Осуден е за организирање на илегални преминувања со „мали чамци“, преку каналот Ламанш, на мигранти од северна Франција, меѓу нив и деца до петгодишна возраст.

Албанските медиуми пренесоа дека станува збор за лицето Мустаф Цунај (41), кој живеел во Толворт, југозападен Лондон, а бил во постојан контакт со шверцери кои оперирале во северна Франција во летото и есента 2022 година.

Според истрагата, тој направил најмалку 31 поминувања преку Ламанш, во период од пет недели.

Во разговор со друг шверцер го договорил минувањето на жена и деца на возраст од пет и девет години, земајќи им притоа 8.000 фунти за услугата.

Националната агенција за криминал (NCA) соопштила дека Цунај е еден од неколкуте членови на банда во Велика Британија, за шверц на луѓе за која се смета дека донела околу 10.000 луѓе во земјата.

Во 2022 година, според извештаите на властите во земјата, околу 13 илјади албански граѓани, а минатата над 7 илјади, главно од округот Кукс, северна Албанија, илегално се пренесени на британска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот