Албанците најмногу добиват во регионот од отворањето на границите, пазарите и интеграцијата

Отворен Балкан. / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Арбен Чејку, директор на Албанскиот центар за добро владеење, поранешен амбасадор на Албанија во Скопје, во интервју за „Диели“, орган на Пан-Албанската организација во САД, „Ватра“, вели дека Албанија треба да го поддржи Косово, да го охрабри и помогнете за да бидат рамо до рамо на секој дипломатски чекор во регионот, пренесува „Слободен печат“.

-Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, како продолжение на концептот на „Балкански мини-Шенген“, има за цел да ги префрли билатералните односи на ниво на мултилатерална соработка, со цел да постигне некои конкретни показатели во корист на граѓаните. На нашиот регион, и порано, не му недостасуваа такви иницијативи или формати на соработка, и покрај имињата што ги имаа. Програмите за поддршка на Европската унија за Балканот какви што се ИПА, ЕРАЗМУС, ЦЕФТА и други или од неодамна Берлинскиот процес (2014), во основа имаат за цел зајакнување на соработката помеѓу земјите од нашиот регион. Пред се, поддршката на Брисел за Западен Балкан ја промовира европеизацијата на овие односи. Сепак, постојат голем број локални фактори кои ја попречуваат имплементацијата на некои претходно потпишани договори – нагласи Чејку.

Тој истакна дека оваа иницијатива, како и да е наречена, било „мини-Шенген“, било „Отворен Балкан“, или „СЕФТА“, како што предложи Албин Курти, се уште не е ексклузивна гаранција за спроведување на потпишаните договори меѓу државите од нашиот регион.

-Уште е потребна многу работа и политичка волја од нашите влади. Верувам дека е многу корисно да се поддржат иницијативи и процеси насочени кон слободно движење на луѓе и стоки. Од слободата на движење, од слободата на пазарите и взаемните инвестиции, има корист за секого. Ние сме земји кои доживеаја што значи изолација. Од отворањето на границите, пазарите и интеграцијата, Албанците се меѓу најголемите корисници во регионот. Нивната геостратешка позиција и економските и социјалните ресурси што ги имаат ги прават достоен конкурент на балканскиот пазар. Слободното и административно олеснето движење многу им помогна на албанските граѓани на Албанија, кои се движат без пасоши во некои земји од нашиот регион и обратно. Ова дефинитивно треба да ги вклучи граѓаните на Косово, без оглед дали Србија го признава Косово или не – вели Чејку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот