Аларм од добротворна организација: 500 мигранти на брод на брегот на Сицилија чекаат да бидат спасени

Фото: Screenshot

Околу 500 мигранти кои се наоѓаат на брод на брегот на Сицилија чекаат да бидат спасени, ги предупреди денеска италијанските власти добротворната организација „Алармфон“.

Организацијата, која прима повици од бродови со мигранти во неволја, го упати апелот поради драматичното зголемување на пристигнувањата во Италија по морски пат и неодамнешниот смртоносен бродолом во близина на брегот на Калабрија.

„Не губете време: испратете помош веднаш!“, објави Алармфон на Твитер.

Се додава дека бродот тргнал од Либија и се наоѓа јужно од Сицилија во италијанската поморска зона.

Можностите на Италија за спасување мигранти на море станаа дискутабилни по бродоломот на 26 февруари во близина на Калабрија, во кој загинаа најмалку 73 мигранти, вклучително и дете на возраст меѓу четири и шест, чие тело беше пронајдено во петокот.

Полициските бродови се обидоа, но не успеаја да пресретнат дрвен чамец со мигранти поради неповолните временски услови, а крајбрежната стража, подобро опремена за справување со немирното море, не беше веднаш активирана.

Десничарската Влада на Италија вчера одговори со построги затворски казни за шверцерите на мигранти и вети дека ќе ги прекине нивните нелегални патувања со брод, истовремено отворајќи ги каналите за легална миграција.

Сепак, тоа не го спречи нерегуларниот проток на мигранти, бидејќи од средата во Италија пристигнаа речиси 3.000 луѓе, во споредба со околу 1.300 колку што биле во месец март минатата година.

„Рекорден број од 1.869 мигранти од 41 чамец пристигнаа во четвртокот на островот Лампедуза“, објавија италијански медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот