Актерот Џулијан Сендс исчезна по планинарењето на смртоносната планина Балди

Фото: Инстаграм

Британскиот актер Џулијан Сендс (65) исчезнал минатиот петок додека планинарел на планината Балди во Калифорнија, соопштија од канцеларијата на шерифот во Сан Бернардино.


Откако му се губи секоја трага на 13 јануари, спасувачите излегле на терен во потрага по Сендс, но поради лошите временски услови и заканата од лавина морале да ја прекинат потрагата, рекла Глорија Хуерта, портпаролка на канцеларијата на шерифот, пренесе „Си-ен-ен“.

Официјалните лица ја продолжиле потрагата со дронови, но и тоа е ограничено поради времето, додала таа.

Канцеларијата на шерифот во Сан Бернардино неодамна ги предупреди планинарите да ја избегнуваат планината Балди планина поради силните ветрови и мразот.

Во објава на Фејсбук таа навела дека во претходните четири недели спасувачките екипи реагирале 14 пати на таа планина и во околината.

„Овие спасувачки мисии беа за изгубени, заглавени или повредени планинари. За жал, во текот на претходните четири недели, двајца планинари не го преживеаја падот. Неодамнешните снежни и ледени бури не се поволни за планинарите, дури и за оние кои мислат дека се многу искусни“, порачале од канцеларијата на шерифот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by King James (@jamesgay55)


Во последните четири недели, полицијата и другите служби примиле 14 повици за помош од планината Балди и околината.

Властите им порачуваат на планинарите „да размислат двапати и да внимаваат на предупредувањата“ поради неповолните временски услови.

Сендс е познат по филмовите „Room with a view“, „Death Fields“, „Leaving Las Vegas“, а една од последните улоги ја оствари во серијата „What/If“ на Netflix.


 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот