Актерката Кира Најтли проговори за мајчинството: Ова ми е најтешката улога!

Profimedia

Британската актерка Кира Најтли пред 4 години роди ќерка, а денес вели дека улогата на мајка ѝ е најтешка до сега во кариерата. Актерката изјавила дека е свесна за тоа дека се наоѓа во позиција каде што може да ѝ дозволи се на својата ќерка, дури и повеќе дадилки кои ќе се грижат за неа, но сепак не е толку едноставно.

View this post on Instagram

I love this picture so much. #keiraknightley

A post shared by Keira Knightley Fanpage (@keira_knightley_) on

„Не постои ништо привлечно во тоа што моментално се обидувам да контролирам едно 4-годишно девојче, така што не сум интересна на медиумите. Мислам дека на жените не им се оддава доволно чест за менталниот и физичкиот маратон низ кој поминуваат откако ќе станат мајки“, изјавила актерката.

Кира и нејзиниот сопруг Џејмс Ригтон често во медиумите зборуваат за тоа како доаѓањето на нивната ќерка на овој свет ги направило подобри личности и дека улогата на родители донела голема одговорност во нивните животи, но истакнуваат дека денес е многу тешко да се одгледуваат деца и да се биде голем професионалец во овој свет.

„Свесна сум дека доаѓам од привилегирана средина, бидејќи имам кариера и можам да си дозволам чување на дете, но и понатака мајчинството ми е многу тешко“, искрено одговорила Кира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот