
Ако немате клима уред, ова растение може да ја намали температурата во домот
Ако ги сакате растенијата, еве уште една причина да го претворите вашиот дом во зелена оаза. Поради својата способност да го прочистува воздухот и да ја апсорбира топлината, треба само малку да се потрудите растението сансеверија, позната и како јазик на свекрвата, за да преживее пишува шпанското издание на магазинот „Ел“.
Препорачано

Неверојатни карактеристика на сансеверијата
Меѓу сите видови растенија, некои имаат неверојатна способност да бидат многу повеќе од само убав цвет. На пример, добро познатата сансеверија – растение со зелени листови со интензивни бои, крути и исправени, кое, покрај тоа што е декоративно, има способност да го прочистува воздухот во куќата, успева на скриени места, добро се прилагодува на речиси секој простор, бара малку внимание и апсорбира малку летна топлина.
Сансеверијата, или јазикот на свекрвата, како што уште ја нарекуваат, е популарно растение кое не бара многу одржување. По потекло од тропска Африка и Азија, овој вид стана високо ценето растение низ целиот свет поради својата способност да се прилагоди на различни светлосни и температурни услови. Една од најистакнатите карактеристики на ова растение е неговата способност да фотосинтезира ноќе, за разлика од повеќето растенија кои го прават тоа преку ден. Овој ноќен процес подразбира дека во текот на ноќта сансеверијата ослободува кислород и апсорбира јаглерод диоксид, што придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во просторот каде што се наоѓа.
Освен нејзината способност да го филтрира воздухот, сансеверијата помага и во ладењето на околината. Во текот на топлите денови, таа ослободува влага во воздухот преку листовите, што има природен ефект на ладење.
Уште една предност на ова растение е нејзината способност да ги апсорбира токсините што се шират во воздухот. Докажано е дека ова растение може да ги отстрани несаканите хемиски соединенија, како што се бензен, трихлоретилен и формалдехид, кои се испуштаат од средствата за чистење, боите или мебелот. Со подобрување на квалитетот на воздухот, сансеверијата придонесува за создавање поздрав простор за живеење.

Одржување
За среќа, тоа е растение кое бара малку грижа и внимание. Се прилагодува на различни видови осветлување, но најдобро е да не биде изложена на директна сончева светлина. Исто така, може да преживее во умерени температурни услови и не треба често да се полева. Имено, поотпорен е на недостиг на вода отколку на вишок, па затоа е важно да се избегнува прекумерно полевање, кое може да ги оштети нејзините корени.
Изгледа дека е пред нас жешко лето, затоа освежете го вашиот простор со еден или повеќе примероци од сансевиерија.