Ако не можеш да го победиш, прифати го: Австралија ќе дозволи вештачка интелигенција во училниците

Четџипити ќе биде како калкулатор - Фотографија Profimedia

Уреди со вештачка интелигенција, вклучувајќи го и виртуелниот соговорник Четџипити, ќе бидат дозволени за користење во сите училишта низ Австралија почнувајќи од идната учебна година.

Националната платформа за вештачка интелигенција едногласно го прифати овој предлог од регионалните министерства за образование. Конечниот предлог треба да биде објавен деновиве, а ќе се применува од в година.

– Четџипити нема тукутака да си замине, а наскоро ќе стане помагало, какви што се калкулаторите или интернетот. Мораме да научиме како да го користиме. Учениците веќе го користат за пишување домашни задачи. Да бидам искрен, мораме да ги стасаме – изјави федералниот министер за образование Џејсон Клер.

Австралиските професори беа меѓу првите што расправаа дали да забранат или да го промовираат користењето вештачка интелигенција на Универзитетите. Притоа се разгледуваше можноста испитите да се полагаат усно или со молив и хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот