Академик Беџети: Државата да обезбеди услови во руралните средини ако сакаме повеќе жени во претприемништвото

Фото: Слободен печат

Kако жените да бидат поуспешни во претприемништвото, жените кои ја предводат промената во циркуларната економија и одржливиот бизнис и жените во технологијата се само дел од темите на конференцијата Зајакнување на жените во Северна Македонија: Инклузивност и иновација во претприемништвото. Таа е дел од проектот поддршка на повеќе жени во претприемништвото и иновациите.

„Државата треба се повеќе да инвестира во создавање на услови за да ја ослободи женската активна популација за да може да се занимава со ова. Значи ние немаме градинки соодветни во рурални средини, ние немаме геронтолошки центри кои што ќе се грижат за старите за немоќните лица. Кога ќе има, на тој начин ќе се ослободи женското население да бидат активно на пазарот на трудот“, истакна академик Абдулменаф Беџети.

Денешната конференција беше во организација на Фондацијата на УЈИЕ во партнерство Стопанската Комора на Жени и ХЕКИМА, организација од Словачка.

„Овој проект е позитивна агенда, се обидуваме да се фокусираме на позитивните агенди и можеме да видиме комбинација од повеќе позитивни аспекти вo инклузија на жените. Жените се исклучително важни понекогаш и потценуван дел од општеството па овој проект има за цел жените и ранливите групи да ги вклучи во општеството бидејќи значително придонесуваат за оваа позитивна агенда која ја создаваме“, истакна Хенрик Маркус, амбасадор на Словачка.

Дел од проектот на УЈИЕ е кампања на социјалните медиуми на национално ниво која ја нагласува важноста од зголемување на застапеноста на жените во полето на климатски интелигентни иновации и претприемништво.

„Она што го прави овој проект уникатен е тоа што поврзува три важни и интерактивни области: родова еднаквост, економски развој преку иновативно претприемништво и климатски паметни решенија. Проектот ги опфаќа овие области и придонесува за позитивни промени преку подигање на свеста, вклучување на приватниот сектор, градење партнерства со креаторите на политиките во јавниот сектор, пренесување на искуството на невладините организации и експерти од Словачка и програми за квалитетна поддршка. Како дел од овој проект, оваа година успешно поддржавме 19 стартапи предводени од жени преку програмата за инкубација насочена кон градење иновативни, одржливи и климатски паметни компании“, изјави Авни Арифи од Фондацијата на УЈИЕ.

Според статистиките на Светската Банка жените поседуваат 36% од бизнисите во ЕУ, наспроти 29,4% во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот