Ахмети: Правосудните органи да бидат независни, затоа инсистираме на ветинг

Али Ахмети
Али Ахмети / Фото: МИА

Органите на правдата треба да бидат независни, затоа бараме ветинг, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги критиките на амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, дека изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е конфузен за САД, пренесува телевизија „21“.

Обвинителот Абази претходно негираше дека е во блиски односи со функционери на ДУИ иако на социјалните мрежи се појавија неколку негови фотографии со функционери од Интегративците.

Мислам дека произнесувањето на амбасадорката на САД се однесува на начелата, борбата против криминалот и корупцијата треба да биде бескомпромисна, правосудните органи и органите на правдата да бидат независни и ние цело ова време промовиравме дека легислативата треба да биде независна и не случајно три или четири години инсистираме на ветинг во сите правци и државни функции, од политички фигури се до законодавството, рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот