Ахмети ја честита годишнината од независноста на Косово: Тоа не беше дар од небото, туку израсна од крвавата почва

Фото: Али Ахмети / Фејсбук

Косово денеска одбележува 15 години од прогласувањето независност во 2008 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку социјалните мрежи упати честитка.

„Денес не се сеќаваме само независноста, не се сеќаваме само на слободата, денес се сеќаваме на сите оние генерации кои паднаа и од Ослободителната војска на Косово и сите тие патриоти од воспоставувањето на воено-полицискиот режим во 1945 година кога сѐ што било албанско било убивано, затворано, масакрирано и депортирано. Денеска е посебен ден затоа што ова Косово, кое денес ја слави својата 15-годишнина, не е родено како дар од небото, туку израсна од крвавата почва на овој народ, со крвта на најдобрите синови и ќерки“, пишува Ахмети во честитката до народот на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот