Директорот на АМС, Наумче Мојсовски оствари средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски/фото: Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт желна да ги помогне идните подвизи на Марко Пејчиновски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска оствари средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски.

Мојсовски изрази задоволство што спортист од ваков ранг е во Агенцијата, која воедно е највисока државна институција за спорт во државата. Тој искажа подготвеност АМС да помогне во подготовките за следниот подвиг и додаде дека на Марко е да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува.

Директорот на АМС искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко.

Марко по овој повод кажа дека оваа година имал цел да исплива 250 км со 10 препливувања. За таа цел Марко започнал со подготовки уште од 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 км. Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања, а завршил со делницата Охрид- Струга каде што од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил Струга – Свети Наум со пауза од шест минути, по што повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 км.

Марко Пејчиноски е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Агенцијата за млади и спорт му посакува уште поголеми успеси во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!