Аџиите во Мека изложени на жештина од 48 степени

Разладување за аџиите - Фотографија ЕПА, Ашраф Амра

Илјадници верници претрпеле топлотен удар за време на аџилакот во Мека откако температурата завчера достигнала 48 Целзиусови степени.

Повеќе од 1,8 милион муслимански верници годинава тргнаа на неколкудневен аџилак на светите места во саудиската пустина. Само во четвртокот медицинските служби им укажале итна помош на 1.721 аџии што изгубиле свест поради жештините. Претходниот ден папсале уште 287 аџии. Организаторите на аџилакот не објавуваат колку луѓе починале, но сумирање информации од разни земји укажува дека на годинешната посета на Мека и Медина починале најмалку 209 аџии од Индонезија, осуммина од Алжир и од Египет четворица од Мароко. Од срцев удар починал и најстариот аџија годинава, 114-годишен верник од Иран.

Годинешниот аџилак е помасовен од вообичаените поради двете пропуштени години поради пандемијата на ковид-19. Саудиска Арабија постави полски болници и ангажираше илјадници лекари и болничари за да се грижат за верниците. На 78-годишен аџија со срцеви проблеми од Филипините, на пример, му бил спасен животот со итна операција на отворено срце.
Од смртоносни жештини што се приближуваат до 50 Целзиусови степени страдаат и Мексиканците. Во текот на јуни од топлотни удари починале најмалку 100 луѓе низ земјата, особено во текот на изминатата недела. Во истиот период лани од топлото време починало само едно лице.

Низа анализи укажуваат дека поради климатските промени постепено ќе се зголемува просечната глобална температура, но и дека ќе зачестат екстремни бранови со температури од 50 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот