Адвокатот Тортевски: ФФМ не сакаше да му ја исплати премијата на Ангеловски за ЕП, па моравме да одиме по судови

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Еден од најпознатите македонски адвокати, Александар Тортевски се огласи на социјалните мрежи по дебаклот на македонската фудбалска репрезентација, тврдејќи дека екс-селекторот Игор Ангеловски по судски пат си ја барал ветената премија за пласман на Еуро 2020.

Познато е дека Ангеловски уште пред настапот на Македонија на Европското првенство влезе во конфликт со раководството на федерацијата, а поради тоа беше и сменет по настапот во Букурешт и Амстердам во 2021 година.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски неговиот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот