Адријана Лима доби работа во ФИФА

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Една од најубавите жени во светот, Адријана Лима доби работа во ФИФА. Поранешната српска снаа која своевремно беше во брак со кошаркарот Марко Јариќ доби работа како глобален амбасадор на навивачите.

Таа ќе биде вклучена во различни иницијативи, а првата задача ќе и биде да го промовира фудбалот ширум светот.

„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ја чувствувате нејзината топлина и љубезност, како и нејзината страст кон фудбалот. Таа знае да живее и да дише за фудбалот и затоа може да биде врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Адријана во брак со кошаркарот Јариќ беше од 2009 до 2016 година, а во меѓуврем е доби и син со продуцентот Андре Лемарс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIFA (@fifa)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот