Адеми: И претседателските и локалните избори во трите општини минаа во фер и демократска атмосфера

И претседателските и локалните избори во трите општини поминаа во фер и демократска атмосфера, а активистите на ДУИ беа ангажирани во кампањата што се одразува и во резултатот во општините каде раководат кадри на оваа партија, изјави вечерва од медиа центарот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, министерот за образование Арбер Адеми, кој како висок претставник на ДУИ е тука за да ја претставува партијата што го поддржува Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање за досегашните првични  резултати, според кои во некои општини во кои мнозинското население се етнички Албанци води кандидатот поддржан од  Алијансата за Албанците и БЕСА Блерим Река, Адеми посочи дека ДУИ била активна на теренот и оти нејзините поддржувачи и приврзаници ја следат нејзината политика.

-Мое мислење е ако се земе целата изборна кампања со што се соочивме во неа сепак победи концептот што ги зближува граѓаните, а тоа се одразува и со конкретни резултати, рече Адеми.

Тој истакна оти граѓаните со албанско етничко потекло на првиот круг од гласањето испратиле порака дека не ги поддржуваат лажните патриоти и додаде на РСМ и е потребно отворање на нови перспективи и заокружување на стратешките перспективи.

Вели дека Блерим Река добил мала поддршка, според првичните резултати, што не може да се спореди низ историјата со други претседателски кандидати како Муарем Неџипи, Имер Селмани, Гзим Острени.

ДУИ, вели тој, максимално се фокусирани изборите да се заокружат на најдобар можен начин и додаде дека време е во земјава да победи концептот со кој се отвораат нови перспекеиви.

Адеми нагласи дека  очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за отворање на нови перспективи и оти таа поддршка ќе се зголеми во вториот изборен круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот