Абрамович и фрли око на Валенсија

Роман Абрамович се моментно се наоѓа во процес на продажба на англискиот Челси/ фото: EPA/KERIM OKTEN

Роман Абрамович е заинтересиран да го купи поранешниот шпански шампион Валенсија, потврди поранешниот потпретседател на тимот, Мигел Сорио, кој исто така пројавува сериозен интерес за купување на клубот.

– Петер Лим во Лондон неуспешно се обиде да ја продаде Валенсија за 250 милиони евра. Неодамна на медиумите им откри дека има две понуди за продавање на клубот, едната од моја, а втората е од рускиот олигарх од Челси – изјави Сорио за шпанската интернет страница „Ел Десмарке“.

Абрамович се наоѓа на процес на продажба на актуелниот европски шампион Челси, откако неговиот имот во Обединетото Кралство му беше замзнат поради блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Абрамович се надева дека од продажбата на Челси ќе добие најмалку 3 милијарди евра, а откако му беше замрзнат имотот во Англија, управувањето на клубот му го препушти на хуманитарниот форд на англискиот тим.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот