Роман Абрамович, и натаму е сопственик Челси/ фото: EPA/ANDY RAIN

Абрамович ги моли американските пријатели да му позајмат по милион долари

Како што пишува американскиот портал „Пејџ сикс“, рускиот олигарх Роман Абрамович, чии банкарски сметки во Америка и Велика Британија се замрзнати, побарал од неговите угледни и моќни пријатели да му позајмат пари за, меѓу другото, за да може да продолжи да ја плаќа својата верна послуга на суперјахтите што ги поседува, за што му требаат 750.000 долари неделно.

Роман Абрамович/ Фото Sergei Karpukhin / TASS / Profimedia

Иако Абрамович, кој до неодамна организираше луксузни забави на своите јахти, но и на имотот на егзотичниот Сент Барт, има многу блиски пријатели во највисоките светски кругови, тие денес се сепак претпазливи кога станува збор за позајмување пари на рускиот олигарх, иако тој учествува во мировните преговори помеѓу Русија и Украина. На имотот на Сент Барт, бил домаќин на голем број познати личности и има многу пријатели во Холивуд, Волстрит и светот на технологијата.

Фото: EPA-EFE/Michael Steele

– Роман побара од неколку пријатели да му позајмат по милион долари. Тој рече дека никогаш не задоцнил со исплатата на платите на своите вработени, што изнесува 750.000 долари неделно. Но, се додека неговиот имот е замрзнат, тој не може да ги плаќа. Затоа се обратил и до холивудскиот продуцент и режисер Брет Ратнер, како и до семејството Ротшилд, но и до многу други, кои, иако се добри пријатели со Абрамович, одбиле да му позајмат пари. И додека некои немаат готовина за позајмување, многумина се плашат поради неговите врски – открил извор за „Пејџ сикс“.

Инаку, Абрамович, чие богатство се проценува на 14,3 милијарди долари, од почетокот на руската инвазија на Украина е под санкции од Велика Британија и од Европската унија. Иако имотот му е замрзнат, Абрамович сè уште наоѓа начини да не го изгуби сето она што го стекнал со годините, поради што и се вклучи во мировните преговори.

Фото: Профимедиа

Импресивна листа на имот – Роман Абрамович има 70 имоти и земјиште во вредност од 300 милиони евра само во Лондон, Биртанија.

Кој е Роман Абрамович? Од сирак преку санкциониран олигарх до наводно отруен мировен посредник во војната во Украина

Абрамович е клучен посредник во преговорите, вели Подољак

Газдата на Челси протеран од Англија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!