Абазовиќ: Рано е да се зборува за иден премиер

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека очекува изгласување недоверба на актуелната влада и дека таа секако го завршила мандатот. Тој, исто така, вели дека е премногу рано и несериозно да се зборува за тоа дали се гледа себеси како премиер, пишува РТЦГ.

Најлошото, вели тој, е неизвесноста: „Граѓаните очекуваат работите да се одвиваат со полна брзина. Или брзо ќе се формира нова влада или ќе излеземе на избори. Немаме време за губење. Би било ирационално да влеземе во преговори и за тоа би биле потребни месеци“.

Земјата, рече тој, мора да се деблокира. Тоа, вели, е обврска на сите политички субјекти.

„Мандатар може да биде секој кој ќе успее да обезбеди поддршка од најмалку 41 пратеник во црногорскиот парламент“, рече Абазовиќ, без да прецизира за кого би можело да се работи.

На прашањето дали се гледа себеси како премиер, тој вели дека е многу рано и несериозно сега да се зборува за тоа. Тој, како што рече, го поддржува уставното право на граѓаните на мирни собири и протести.

Собранието на Црна Гора расправа за недоверба на Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот