Абазовиќ: Без проблеми би го потпишал Темелниот договор со СПЦ доколку е усогласен со Уставот на Црна Гора

Дритон Абазовиќ/ Фото: Драган Митревски/ Слободен печат

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, кој се споменува како најсериозен кандидат за мандатар за состав на новата влада, изјави дека не би имал проблем да го потпише Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) доколку е во согласност со Уставот.

За подгоричката телевизија „Адриа“ Абазовиќ изјави дека има драматизирање околу Темелниот договор и дека за тоа разговарал со патријархот на СПЦ, Порфириј, но дека овој акт мора да биде во согласност со Уставот и дека се треба да се направи во согласност со процедурите.

-Во оваа земја секој сака да направи компликација, а според мене работите се едноставни. Сè треба да се направи во согласност со процедурите. Што се однесува до мене, новата влада треба ова прашање да го стави ad acta, а јас би го парафирал без никакви проблеми, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека сè уште не е комплетиран персоналниот состав на новата влада и додаде дека е задоволен од прелиминарните разговори што ги имал со партиските претставници.

-Би сакал Црна Гора да ја добие 43. влада и таа влада да придонесе за намалување на поларизацијата во општеството и да се движиме посилно кон европската интеграција. Мислам дека сме многу блиску до тоа да направиме еден голем политички ресет во еден период, па нека тоа биде и една година, што ќе донесе многу бенефити за нашата земја, рече Абазовиќ.

Тој ги отфрли оценките за „бркање” на Србите од власта, нагласувајќи дека не се бори за народи, туку за луѓе и дека секој ќе може да биде дел од тимот без никакви резерви, само за да ги исполни критериумите за да се направи некоја работа.

-Мораме да го вратиме граѓанскиот имиџ, мислам дека тоа и недостигаше на претходната власт. Мора да го вратиме имиџот на европската влада и секуларната влада, но мора да ги почитуваме и сите верски заедници. Би сакал таа некоја идна влада тоа да го преслика, изјави Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот