АБА2: ТФТ без шанси против Спартак Суботица

Фото: КФСМ

Фаворизираниот состав од Суботица славеше убедлива против македонскиот претставник во АБА2 лигата. (93;64).

ТФТ Моцарт имаше сили, имаше енергија за една четвртина, секако онаа почетната, но и некоја минута од втората, кога всушност се виде сериозен пад во нивната игра. Односно дека ТФТ не може да му парира на поквалитетниот противник.

По нерешените (20:20) по десет минути, се беше поинаку, и во корист на еден од фаворитите за позициите кои водат во првата АБА лига.

Спартак ги опврада вложувањата кои ги направи и во полусезоната, кога од кошаркарскиот јадрански пазар повеќе еден играч од типот на Немања Гордиќ, придодаден на веќе етаблирани АБА имиња како Кутлешиќ, Цветковиќ, Бојиќ, Тејиќ, Церовина, кој се промовираше и во најдобар стрелец на овој меч во кој победникот се надзираше и на полувремето.

Имаа „сините гулаби“ уште две идентични четвртини, третата и четвртата, кои ги добија со сличен резултат (25:14 односно 24:15), и стигнаа до планираната цел – победата, за нив седма во девет одиграни кола.

По девет одиграни мечеви во оваа регионална конкуренција, пак, ТФТ Моцарт сега има ефект (1-8), кој го остава на делба на последната позиција на табелата заедно со екипата на Шибенка.

На овој меч Луис беше прв на листата на поентерите, уфрли 15.поени, но само уште Николов беше двоцифрен во колоната поени, имаше 12.

АБА2: Пелистер со пресврт до победа против Шибенка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот