89-годишна пациентка од болницата за геријатрија, оздравела од Ковид 19!

Коронавирусот веќе влезе во приватна геријатриска установа, и тоа самото по себе ги алармира граѓаните и ги вознемирува да прашуваат што се случува со Специјализираната болница за геријатриска палијативна медицина, односно во државната установа.

Пациентка на возраст од 89 години, која била сместена во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, во април се заразила со коронавирус и оздравела, тврди за „Слободен печат“ директорката на болницата, доктор Салија Љатиф – Петрушовска.

– Станува збор за досега највозрасната пациентка која се излекувала од Ковид 19 во земјава. Таа помина со сосема лесна клиничка слика и за кратко време се врати во нашата установа откако и се негативизираше тестот. Во моментот немаме ниту еден позитивен пациент на вирусот. Минатата недела се спроведе скрининг за вработените во три објекти на установата во Скопје и не е регистриран ниту еден вработен позитивен на вирусот, вели д-р Петрушовска.

Наскоро ќе се проверуваат и вработените во објектот за палијативна грижа „Сју Рајдер“- Битола, кој е под ингеренции на болницата. Пациентите таму се стабилни и секојдневно се следат доколку се суспектни или тестирани. Се вложуваат натчовечки напори да се спречи коронавирусот да влезе во државната болница за геријатриска медицина, а особено внимание се посветува на тоа да се откријат асимптоматските носители, за да се заштитат и пациентите и колективот.

– Уште од стартот на епидемијата ги преземавме сите превентивни мерки за контрола на инфекцијата. Установата имаше забрана за посети, забрана за нови приеми на пациенти, се примаа само итни случаи кога имаше најрестриктивни мерки и тоа во рамките на специјалистичко-консултативните амбуланти. Ја укинавме и домашната посета. За пациентите на кои им беше потребна медицинска грижа и совет, користевме алтернативна, најчесто телемедицина, додава директорката.

Прочитајте и...  Во Гостивар гласаа заболените од Ковид-19 и лицата во изолација

Секој пациент во установата, што има симптоми или клиничка слика, дури и ако не е сигурно дека таа е поврзана со Ковид 19, се изолираат во посебна соба и се тестираат за вирусот. Ако клиничката слика напредува, се тестираат повторно.

Болничките објекти се поделени на три зони, зелена, жолта и црвена, согласно опасноста. Има назначено патека за движење, упатство за носење заштитна опрема согласно зоната во која се наоѓа вработениот. Целосно се спроведени протоколите од СЗО и од Министерството за здравство наменети за установи за долготрајна нега кои многу помагаат за справување со инфекцијата.

– Досега установата одлично се справи со состојбата со вирусот, со оглед на фактот дека ваквите установи ширум светот не останаа „недопрени“, баш напротив, оставаа тешки последици. Станува збор за високо специјализирана болница која располага со специјализиран кадар и искуство и одговорно раководство и вработени. Тимската работа, едукацијата, спроведувањето на заштитните мерки, влијаеа на успешните резултати, додава вели д-р Љатиф Петрушовска.

Прочитајте и...  ЕЦБ: Бугарија и Хрватска имаат уште работа пред да станат дел од еврозоната

Коронавирусот веќе влезе во приватна геријатриска установа, и тоа самото по себе ги алармира граѓаните и ги вознемирува да прашуваат што се случува со Специјализираната болница за геријатриска палијативна медицина, односно во државната установа. Во Италија и во САД, од вкупниот број на смртни случаи кои починале од Ковид 19, дури високи четириесет, до педесет проценти зазема геријатриската популација сместена во установи.

Овие земји апелираат владите да обрнат поголемо внимание кон овие установи кои можат многу лесно да преминат во жариште на инфекција и при тоа пациентите најчесто да завршат со смртен исход имајќи го во предвид фактот дека станува збор за возрасни лица со имунокомпромитиран систем и коморбидитети кои ја влошуваат клиничката слика.

– Особено ги следевме препораките од засегнатите земји и од СЗО, дадени за оваа специфична категорија пациенти и заземавме сериозни чекори во борбата против Ковид 19. Веднаш ги имплементиравме алгоритмите од Министерството за здраввство, забранивме посети, откажавме физички средби на утринските колегиуми, истите ги спроведувавме електронски.

Ги засиливме превентивните мерки и заседаваше Комисијата за интрахоспитални инфекции во рамките на установата. Редовно проветрувавме, засилено внимание се посвети на личната и на колективната хигиена на просторот, дезинфекцијата. Многу хумани институции и фирми донираа, Министерството за здравство обезбеди лична заштитна опрема. Имавме голема поддршка од СЗО и од координативното тело при МЗ на чело со сестра Вики Котевска. Ни помогна и Институтот за јавно здравје, посочува директорката.

Прочитајте и...  Парични казни за 13 лица во Скопје, се движеле без дозвола за време на полициски час

Болницата е единствената јавна здравствена установа во државата, која е поделена на четири објекти: оддел Геријатрија, хоспис за палијативна грижа Сју Рајдер-Скопје, хоспис за палијативна грижа Сју Рајдер-Битола и објект Мајка Тереза , која претставува социјална форма на установа менаџирана од болницата. Освен стационарниот дел кој има капацитет да смести 300 лица, се работи и со надворешни пациенти преку амбуланти кои пружаат услуги од интерна медицина, неврологија, психијатрија, дерматовенерологија, физикална и медицинска рехабилитација, палијативна амбуланта и кабинет за дијабет со советување.

Мисијата на оваа установа е да им се дадат на пациентите квалитетни здравствени услуги со етички, хуман и професионален пристап. Вработени се специјалисти по интерна медицина, психијатрија, неврологија, физијатар, дерматовенеролог, медицинска биохемија и специјалист по клиничка фармакологија, медицински сестри, физиотерапевти, лаборанти и негователки. Вработени се и социјални работници и психолог кој му помага на пациентот и на семејството заедно со здравствениот тим во пружање на псхосоцијална поддршка.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина 13 милиони

Слободен печат

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

Слободен печат

Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот

Слободен печат

Во Малешевијата два активни случаи со ковид-19

Слободен печат

ЕЦБ: Бугарија и Хрватска имаат уште работа пред да станат дел од еврозоната

Слободен печат

Столтенберг: НАТО треба да стане поглобален сојуз поради подемот на Кина

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ОН предупредува: Речиси 690 милиони луѓе во светот се гладни

Слободен печат

Гласаат инфицираните со коронавирусот и лицата во самоизолација во Охрид и Струга

Слободен печат

На денот на изборите ќе можат да се подигаат личните карти од управните служби

Слободен печат

Студија: Имунитетот на коронавирусот би можел да исчезне за неколку месеци

Слободен печат

„Вашингтон пост”: Трамп излажал повеќе од 20.000 пати од 2017 година

Слободен печат

Секизќок: Се преземат мерки да се запрат дејствијата на структурите на ФЕТО кои дејствуваат во Северна Македонија

Слободен печат