81-годишен човек пријавил дека го нападнала 45-годишна жена, таа вели – тој прв почнал

Фото: МИА

Жители на скопското село Кондово, 45-годишна жена и 81-годишен маж, во полиција пријавиле физички напад, за кој тврделе дека го извршил другиот, соопшти МВР.

„На 25.04.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Р.Р.(81) од с.Кондово, општина Сарај, пријавил дека околу 10.00 часот во с.Кондово бил физички нападнат со тврд предмет од З.Р.(45). Во врска со настанот, во 23.40 часот З.Р. пријавила дека околу 06.30 часот била физички нападната со тврд предмет од Р.Р.“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот