61 возач паркирал непрописно

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на град Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи и тоа: 17 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило и тројца возачи поради тоа што не носеле заштитен шлем при управувaње на мотоцикли.
Во текот на изминатите денови издадени се 61 казни за непрописно паркирање и 44 возила се подигнати со специјално возило.
Исто така, преземени се мерки против 22 двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и против седум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.
Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот