
250 милиони долари отштета: Семејството на Џорџ Флојд го тужи Канје Вест затоа што рекол дека умрел од злоупотреба на дрога
Рокси Вашингтон, со која Џорџ Флојд доби ќерка, го тужи раперот Канје Вест за 250 милиони долари поради коментарите кои музичарот ги упати за убиството што ја вознемири светската јавност пред две години.
Препорачано

Во соопштението за јавноста од адвокатската канцеларија „Witherspoon Law Group and Dixon & Dixon Attorneys at Law“, е изнесена реакцијата на семејството на Џорџ Флојд, кој беше убиен во 2020 година во Минеаполис и чија смрт го покрена светското движење против полициската бруталност.
Контроверзниот Канје Вест неодамна изјави на подкастот „Drink Champs“ дека Флојд починал како последици од употреба на фентанил.
Главниот медицински вештак, д-р Ендрју Бејкер, во текот на своето сведочење рекол дека иако срцевата болест на Флојд и употребата на фентанил придонеле за неговата смрт, тие не биле директна причина.

Минеаполис, Минесота / 2 јуни 2020 / EPA-EFE/CRAIG LASSIG
Д-р Вик Бебарта, лекар од брзата помош, токсиколог и професор на Универзитетот Колорадо во Денвер, рекол дека Флојд починал како резултат на тоа што полицаецот Дерек Шовин го притискал коленото на неговиот врат додека тој им викал на полицајците: „Не можам да дишам. Исто така, ги поддржа и другите експерти кои ги обвинија полицајците дека не му помогнале на Флојд да дише, односно не го свртеле на другата страна за да овозможат проток на кислород.
Во соопштението за јавноста, адвокатите рекле дека Вест дал „лажни изјави за смртта на Џорџ Флојд за да ги промовира своите брендови и да ја зголеми нивната маркетиншла вредност и приход за себе, деловните партнери и соработниците“, пренесува click2houston.com.
Канје Вест во последните недели упатува шокантни пораки полни со расна дискриминација. Тој исто така даде антисемитски коментари. На бизарниот и опасен скандал не му се гледа крајот.
Уапсен полицаецот кој го гмечеше и под чии нозе почина Афроамериканецот Џорџ Флојд (ВИДЕО)
ФОТО+ВИДЕО | Сите се загрижени за Кање Вест: Доживеал нервен слом и има расистички ставови