24 годишен скопјанец погоден од заталкан куршум додека седел во кафеана

Куршум/ фото: МИА

Во скопската полиција вчера околу 21:30 часот бил пријавен инцидент кој се случил во угостителски објект во скопското село Батинци.

Според пријавата, додека седел во објектот, С.Ф.(24) од Батинци бил погоден од заталкан куршум.

Тој бил пренесен во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот