Блаже Конески (1921-1993)

„2021 – Година во чест на Блаже Конески”: Владата ја задолжи Народна банка да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари

Владата на денешната 44-та седница ја разгледа и прифати Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжи Министерството за култура да ја координира нејзината реализацијат што оваа година е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

На седницата, информираат од владината прес-служба, е донесен заклучок со кој и се укажува на Народна Банка во рок од пет дена до Владата да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”.

Министерствата за култура, за образование и наука и за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма во нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените Буџети.

Интервју со Трајко Стаматоски, научник, лингвист, претседател на Фондација „Небрегово“: Сигурно сум еден од оние што најмногу пишувале за ликот и делото на Блаже Конески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот