facebook.com/fcshkendija

1МФЛ: Шкендија се врати на победничките патеки!

Се комплетираше денеска и 11. коло на пет прволигашки натпревари, Шкендија по подолг период им се враќа на победите, на домашен терен бранителот на титулата од минатата сезона убедливо со 3:0 го совлада Силекс.

Тетовските „црвено-црни“ со прекрасниот погодок на Бразилецот Фелипе од слободен удар во 31. минута поведоа со 1:0. Зголеми албанскиот интернационалец Мици во 57. минута, а конечниот епилог беше поставен во 78. минута после автоголот на Србинот Благојевиќ за вкупно четврта победа во шампионатот.

Најефикасна денеска беше екипата на Академија Пандев која на домашен терен со 4:0 славеше против Македонија ЃП. За „пандевци“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Дориев (35`), Стоилов (38`), Рајковиќ (63`) и Томовски (79`).

Потоа, Вардар ја оправда фаворитската улога против Борец (2:0), велешката мрежа ја тресеа Аврамовски во третата и Адем во 71. минута од средбата.

Работнички продолжува да ги разочарува своите навивачи, овојпат на стадионот „Чаир“ – Скопје со 2:0 загуби од Шкупи. Трите бода за домаќините ги обезбедија Исени (36`) и бразилскиот интернационалец Сержињо (75`).

Струга Трим Лум ја оствари и четвртата победа (втора по ред) оваа сезона. Драгарски во 54. минута им донесе радост на стружани во триумфот над Ренова.

Прва македонска фудбалска лига

11. коло
Среда, резултати –

Академија Пандев-Македонија ЃП 4:0
Шкендија-Силекс 3:0
Шкупи-Работнички 2:0
Струга Трим Лум-Ренова 1:0
Вардар-Борец 2:0

Табела:

1.Академија Пандев 24 бодови
2.Вардар 24
3.Шкупи 16
4.Македонија ЃП 16
5.Шкендија 14
6.Струга Трим Лум 14
7.Ренова 13
8.Силекс 12
9.Борец 11
10.Работнички 10

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот