ИДФ тврди дека Хамас носел заложници во болницата Ал Шифа

Напад врз болница во Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелската војска објави надзорна снимка за која тврди дека снимката покажува како Хамас ги носи заложниците, кои беа киднапирани на 7 октомври, во болницата Ал Шифа во Газа.

Сè уште никој не ги потврдил овие наводи , а на снимката се гледа како вооружени мажи насилно внесуваат луѓе.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, кој го претстави ова видео, вели дека тоа е конкретен доказ дека Хамас земал заложници во болницата Ал Шифа.

Израелската војска вели дека видеото јасно докажува дека Хамас користи бројни згради во болничкиот комплекс како фронт за терористички активности.

Хамас ги отфрли овие обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот