111 години од Битката кај Куманово – на одбележувањето доаѓа српскиот министер Никола Селаковиќ

Обележување на 110 години на Кумановска битка. Фото: KumanonoNew.,mk

Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија Никола Селаковиќ ќе ја предводи државната делегација на одбележувањето 111 години од Кумановската битка.

Одбележувањето ќе биде во 12 часот во Спомен-костурница на брдото Зебрњак.

Битката кај Куманово претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.

Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации. Според планот на српската Врховна команда, направен на 22 октомври, првата битка со турската војска била предвидена да се води во реонот на Овче Поле, претпоставувајќи дека тука се концентрирани главните турски сили.

Во Кумановската битка, српската војска изгуби 687 војника, 3.280 биле ранети и 597 исчезнати. Турска Вардарска армија, пак, претрпела пораз со 1.200 загинати, 3.000 ранети и 327 заробени војника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот