
10 моќни цитати од Мишел Обама, која денеска полни 61 година: Во неколку реченици ја објасни суштина на животот
Мишел Лаван Робинсон Обама е родена на 17 јануари 1964 година. Таа е сопругата на 44-тиот и претседател на САД, Барак Обама. Детството го поминала на јужната страна на Чикаго, а посетувала предавања на универзитетот Принстон и право на Харвард пред да се врати во Чикаго и да работи во адвокатската фирма Сидли Остин, каде што го запознала нејзиниот иден сопруг.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мишел работела како дел од персоналот на градската управа на Чикаго како помошничка на градоначалникот Ричард Дејли М, како и за Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго. Во текот на 2007 и 2008 година таа помогна во кампањата за претседателската кандидатура на нејзиниот сопруг и одржува воведен говор на Националната демократска конвенција во 2008 година.
Обама е мајка на две ќерки, Малија и Саша, а е сестра на Крег Робинсон, тренер на кошаркаркарска репрезентација за мажи на Државниот универзитет во Орегон. Како сопруга на сенаторот, а подоцна и првата дама, таа стана модна икона, пример за жена и забележлив поборник за сознанието на сиромаштијата и здравата исхрана. Таа со години се залага за правата на жените, а својата позиција како прва дама ја искористи за да воведе промени во кои цврсто верува.
Мишел објави и книга во која го открива својот животен пат, како и правилата кои и помогнале кога работите биле најтешки. Нејзините цитати ќе ве мотивираат да станете подобри и поуспешни. Прочитајте ги внимателно овие зборови:
- Сигурна сум дека едно од најлошите прашања што можете да му ги поставите на детето е: „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Како да растењето е конечно, крајот на животот. Како жена во нејзините 60-ти, продолжувам да учам, да се развивам и да следам цели и се надевам дека ќе останам таква засекогаш. Само така знаеш дека си жив.
- Неуспехот се раѓа од сомнеж во себе. Врз основа на вашите размислувања.
- Успехот повеќе се цени ако сте постигнале сè сами, со сопствен труд и работа.
- Посветувањето на вашето време некому е најубавиот подарок што можете да го дадете.
- Една од најважните лекции што ги научив е секогаш да останам доследна на себе и да не дозволувам другите да ми кажуваат што можам, а што не можам.
- Опкружете се со луѓе кои ќе ве „туркаат“ кога е најтешко.
- Колку и да се болни, раните на нашите срца се тие што не поврзуваат сите и не прават да одиме напред уште посилни и подобри.
- Успехот не се мери со пари, туку со промените што ги правите во туѓите животи.
- Нема магија во постигнувањето на целите. Сè се сведува на напорна работа, правење правилен избор и упорност.
- Никогаш не гледајте на предизвиците и пречките како недостатоци. Разберете – надминувањето на пречките е најголемата предност што можете да ја постигнете! Го знам ова затоа што сам го поминав, пренесува „Стил“.