Горан Андреевски - КК-Водносанс - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Горан Андреевски - КК-Водносанс - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

🎙️СПорткаст EП07 | Андреевски: Македонската кошарка се уназадува поради суети и непочитување на различни мислења

Погледнете ја седмата епизода од СПорткаст на „Слободен печат“. Гостин на водителот Стефан Крстески е Горан Андреевски, кошаркарски тренер со над 20 годишно искуство и основач на кошаркарскиот клуб „Водно Санс“.

Со Андреевски разговаравме за неговото детство, за првиот контакт со кошарката, за играчката кариера. Андреевски раскажа и за повредата на грбот поради која морал да прекине да игра кошарка. Горан, кој беше и селектор на јуниорската кошаркарска репрезентација која ова лето ја освои европската Б-дивизија раскажа и за лошите услови кои им биле овозможени од КФСМ за подготвителниот период како и за притисоците кои ги имал. Во седмото издание на СПорткаст, пред камерите на „Слободен печат“, Горан раскажа многу анегдоти и интересни приказни, а меѓу тие приказни е и една блескава партија на неговиот ученик Андреј Магдевски во дресот на „Водно Санс“ на пријателски натпревар против Партизан, и поради неговата игра, сегашниот македонски репрезентативец потпишува за црно-белите од Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот