Бошко Тасиќ Фото: Слободен печат/Методи Здравев

?️ СПорткаст | Тасиќ: Иако новинарскиот леб е со девет кори, среќен сум што се занимавам со оваа работа

Вечерва се емитува втората епизода од СПорткаст на „Слободен печат“, а гостин е спортскиот новинар Бошко Тасиќ. Ќе ја слушнете неговата лична приказна, разговаравме за неговото детство, љубовта кон пишаниот збор и спортот, почетоците во новинарството, кариерните подеми и падови како и тоа коjа му е најголема поддршка во животот.

Тасиќ ни ги открива и најинтересните моменти во неговата кариера како и чувството да се биде присутен и известува од единственото големо натпреварување каде што фудбалската репрезентација учестувала – „Еуро 2020“. Исто така Тасиќ ја раскажа и атмсоферата на стадионот „Ренцо Барбера“ по голот на Александар Трајковски со кој ја остави Италија без пласман на Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот