По несреќата кај Ласкарци спроведени контроли на јавниот превоз, откриени 35 возила со неисправни сопирачки

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По смртоносната автобуска несреќа кај Ласкарци, вчера во неколку општини била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници (автобуси, минибуси и такси-комбиња), соопшти МВР. При контролите откриени се повеќе неправилности кај возилата, а во делот на сопирачките, само во Тетово, 25 возила превезувале патници со неисправни сопирачки.

Тетовската полиција со контролата опфатила 128 возила, од кои пет имале неисправен уред за управување и едно недостиг на опрема. Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила, на 37 возачи изготвени им се прекршочни платни налози, а за осуммина поднесени се барања за поведување прекршочна постапка.

Акциска контрола била спроведена вчера и во Штип, каде што биле контролирани 57 возила. Кај девет од нив била утврдена неисправност на уредот за запирање, кај едно неисправен уред за управување, а две возила не извршиле вонреден технички преглед.

Во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар биле контролитани 111 моторни возила за јавен превоз на патници. Тука констатирани биле осум неисправности, од кои шест во Охрид и две во Кичево, од кои еден неисправен уред за запирање. При акциските контроли од сообраќај се исклучени осум возила. Во акција во Струмица 25 возила биле испратени на вонреден технички преглед по што кај седум возила биле констатирани прекршоци за кои се издадени седум прекршочни патни налози.

Во несреќата кај Ласкарци животот го загубија 16 лица. Според последните информации од Обвинителството, причина за несреќата биле неприспособената брзина и неисправните сопирачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот